Радио Милева
„инцест“ сцена...?

Руската актерка Аглаја Тарасова: „Додека бев во врска со Милош Биковиќ, тој заврши во кревет со мајка ми“ (ФОТО)

Руската актерка Аглаја Тарасова: „Додека бев во врска со Милош Биковиќ, тој заврши во кревет со мајка ми“ (ФОТО)

Руската актерка Аглаја Тарасова била во врска со познатиот српски актер, Милош Биковиќ, познат по улогите во филмот „Монтевидео“ и  филмот и серијата „Јужен ветер“, а неговите фанови можеби не ги знаат деталите како ја запознал нејзината мајка, несудената баба!

„Милош и јас се забавувавме долго време, од 2016 до 2018 година и во еден момент логично беше да го запознаам момчето со мајка ми. Тој и јас разговаравме и сфативме како најдобро да го сториме тоа, но заради бројните обврски, не стигнавме да ја реализираме замислата.

Случајно, Милош во тоа време доби улога во филмот „Митови“, а таму играше и мајка ми Ксенија Рапапорт (46) исто така позната руска глумица – изјави убавата актерка за руските медиуми и продолжи:

„Бев шокирана кога Милош ми рече дека од сите актерки во филмот, мајка ми ја игра неговата љубовница и дека ќе имаат една жешка сцена! Редовно одев на снимањето на филмот , но тој ден кога се снимаше секс сцената помеѓу моето момче и мајка ми, не ми беше дозволено да се појавам. Останав дома, седнав, гледав во една точка и си помислив: „Боже, каков е животот…“!

Љубовната сцена на Ксенија и Милош се одвива и во театар, и тоа среде претстава. Во моментот кога ликот на Биковиќ седи во ложа, мајката на Аглаја пристигнува кај него, тој веднаш започнува со соблекување и двајцата водат љубов.

Милош Биковиќ не сакаше да зборува многу за таа тема, но тој потврди дека ја запознал мајката на неговата поранешна девојка на исклучително необичен начин.

 

Останати вести од Радио Милева