Радио Милева

Руска природна убавина: Вака изгледа Викторија Лоба без грам шминка и во опуштено издание

Руска природна убавина: Вака изгледа Викторија Лоба без грам шминка и во опуштено издание
фото: Принтскрин/инстаграм/викторијалоба

Јавните личности кои постојано се изложени под будното око на јавноста и рефлекторите, секогаш изгледаат скоцкано, уредено, елегантно, со шминка, високи потпетици…

Пејачката Викторија Лоба со руско потекло и убавина пред објективот на камерата секогаш е скоцкана од глава до пети, па често може да се вброи во листата на убави жени, а како и не, кога потекнува од Русија.

Таа е доста активна на социјалните мрежи на кои често постира објави со кои покажува како го поминува своето слободно време, промовира одредени производи, брендови на кои е заштитен знак, а некогаш знае да открие и по некој детаљ од приватноста.

фото: инстаграм/викторијалоба

Изминатите неколку месеци поради пандемијата со короната, повеќето естрадни уметници не настапуваат, а Лоба овој период го поминува заедно со својот сврешник во нивниот дом во центарот на Скопје.

фото: инстаграм/викторијалоба

Така на своите следбеници на Инстаграм им покажа како го помина изминатиот викенд. Имено, во „Инстаграм стори“ таа сподели како лежи во кревет, со соберена коса и без грам шминка.

фото: инстаграм/викторијалоба

„Недела“, напиша пејачката покрај фотографијата, а дефинитивно  недела ја искористила максимално да ужива и да ги полни батериите.

Останати вести од Радио Милева