Радио Милева

Руши рекорди во дисциплина брак: Александар Маленко се разведе по четврти пат

Руши рекорди во дисциплина брак: Александар Маленко се разведе по четврти пат
фото:александар маленко/твитер

За Александар Маленко изминатиот период во медиумите се пишуваше во написи поврзани со  неговата ќерка Лора која се омажи и стана мајка, а тој дедо. Претходно пак,  го следеа и скандали со Пливачката федерација на Македонија.

Но, сега Маленко е повторно во фокус поради она за кое излегле најмогу наслови досега – бракот односно разводот.

Имено, на Маленко повторно не му се плива во брачните води, и решил да се разведе по четврти пат, овој пат од Фанче од Охрид која е сопственичка на хотел. Приказната започна со пишувањата дека Маленко во една утринска емисија открил дека извесно време не живее заедно со сопругата.

фото:александар маленко/твитер

-По седум години брак се разделивме и толку. Тоа е наш приватен живот и никого не замараме. И нема потреба. Кому да му полагаме сметка, нема потреба од експонирање. Мене само ми е смешно што никој не ми се јавил да ме праша и сега коментираат за нешто што се случило пред година и пол, вели пливачот за ммс.мк

Инаку, Маленко и Фанче се венчаа во 2012 година, а од бракот имаат две малечки синчиња.

За потсетување, брачната историја на Маленко е ваква: Зад себе има четири брака и пет деца.

фото:александар маленко/твитер

Прва негова сопруга беше водителката Сузана Турунџиева, со која ја има ќерката Лора, од која доби и внук. Беше во брак и актерката Јелена Жугиќ со која го има синот Ахил. Третата сопруга на Маленко беше шест години постарата Русинка, Татјана Михалова Фјодорава со која исто така има син.

Останати вести од Радио Милева