Радио Милева

Романтично и со стил: Елена Стефановска му искажа емоции на партнерот – „Што повеќе од ова?“

Романтично и со стил: Елена Стефановска му искажа емоции на партнерот – „Што повеќе од ова?“
фото: Инстаграм/еленастефановска

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска знае да ужива со стил. Без разлика дали е дома, некоја егзотична дестинација, на домашен терен, таа ужива за сите пари.

И пред пандемија и во време на пандемија, таа знае да си угоди на душичката, да го помине времето најдобро што знае и умее.

Додека траеше вонредната состојба поради корона вирусот, Стефановска дел од времето го поминуваше во својот дом, дел во Маврово и се тоа во друштво на нејзиниот партнер Бојан Најдовски.

Неодамна, водителката  истакна дека си има нова љубов, односно играше тенис, а како што истакна никогаш не се откажува и секогаш оди до крајот.

фото: Инстаграм/еленастефановска

Меѓутоа, на водителката и цветаат ружи и на љубовно поле, па таа ужива во својот сакан.

Неодамна, на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија на која му искажа јавно емоции.

„На ракија и узо, со добра македонска храна и поглед на фонтана. Со тебе. Што повеќе од ова?“, напиша водителката.

фото: Инстаграм/еленастефановска

Потсетуваме, претходната година во октомври Стефановска со галерија на фотограгии обелодени дека е во врска со Бојан Најдовски.

Останати вести од Радио Милева