Радио Милева

Романа Паниќ излезе од затвор: Парите не мора да ги врати, а од судот и зависи судбината

Романа Паниќ излезе од затвор: Парите не мора да ги врати, а од судот и зависи судбината
фото: Инстаграм/романапаниќ

Српската пејачка Романа Паниќ која заедно со своето момче украдоа банкомати во Австралија, по три месеци излезе од затвор и ќе продолжи на условна слобода.

Ќе биде потребно неколку дена судот во Бризбејн да одлучи дали Романа ќе биде депортирана во Србија или ќе биде задржана во Австралија до јуни следната година.

Со оглед на тоа што момчето на Романа Паниќ ја презеде одговорноста да ги врати украдените 22 500 долари, Паниќ нема обврска да работи за да ги врати парите.

фото: Инстаграм/романапаниќ

Бидејќи во Австралија важат остри мерки за спречување на ширење на коронавирусот, речиси е невозможно да се напушти овој континент. Авионските летови има само итни случаеви, а луѓето мора да имаат посебна дозвола.

Во случајот со Романа не е донесен таков акт. Таа е сместена во апартман каде се наоѓаат сите кои се изоларани поради опасност од коронавирус и ќе биде таму се додека судот не одлучи дали ќе биде депортирана во Србија.

Доколку биде одлучено да биде депортирана во Србија, пејачката следната недела ќе може да слета на аеродромот во Белград под посебни мерки, како лице осудено за криминал кое е депортирано во матичната земја со доживотна забрана за влез во Австралија.

фото: Инстаграм/романапаниќ

Потсетуваме, Романа и Филип беа уапсени на 25 јуни поради кражба на банкомати во Австралија и по два дена беа осудени на казна затвор. Пејачката доби една година затвор, а три месеци мораше да ги помине зад решетки. Поради своето добро однесување пуштена е на слобода по истекување на 2/3 од казната.

Дали Романија ќе се врати во Србија или до следната година ќе остане во Австралија останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева