Радио Милева
од ограбувач до ријалити ѕвезда

Романа Паниќ доби понуда за учество во „Задруга 4“ за „мрсен хонорар“: Од сумата ќе ви се заврти во главата (ФОТО)

Романа Паниќ доби понуда за учество во „Задруга 4“ за „мрсен хонорар“: Од сумата ќе ви се заврти во главата (ФОТО)

Романа Паниќ стана една од најинтригантните јавни личности, откако беше објавена веста дека е уапсена во Австралија за грабеж на банкомат, а по нејзината депортација во Србија, таа доби понуда да влезе во новата сезона на реалното шоу „Задруга 4“ што стартува од септември 2020.

Некогаш популарната пејачка ја запостави својата кариера, а како што имаше се’ помалку и помалку настапи, остана без прилив на пари. Таа патуваше по европските градови со своето момче Филип, а потоа отидоа во Австралија. Откако по грабежот беше ослободена од затвор, по отслужување на две третини од казната, Паниќ беше депортирана во Србија, каде ја чекаа бројни медиуми, но и – деловни понуди.

Продукцијата на „Задруга“ и понуди учество во шоуто на Романа. Според српски „Курир“, многу други учесници во ова ријалити можат само да сонуваат за условите што таа ги добила.

Покрај правото да се бори за главната награда, која досега изнесуваше 50.000 евра, на неа и бил понудена и хонорар во висина на истата сума. Се разбира, доколку го зголеми рејтингот, поточно гледаноста на шоуто, продуцентите дополнително би ја наградувале, како што обично тоа досега се случуваше. Наводно, тие се подготвени да и дозволат на пејачката да постави некои свои услови, како што е правото да се слуша со најблиските, но во приватни разговори, пишува споменатиот медиум.

Фото: Инстаграм принтскрин/romana_panic

Останати вести од Радио Милева