Радио Милева
хаос во домот на Рамовиќ

Родителите на Џејла Рамовиќ бесни поради наводната афера со Марија Шерифовиќ – победничката на „ЅГ“ ги убедува дека ја „местат“ љубоморни колешки

Родителите на Џејла Рамовиќ бесни поради наводната афера со Марија Шерифовиќ – победничката на „ЅГ“ ги убедува дека ја „местат“ љубоморни колешки
фото: принтскрин/инстаграм

Марија Шерифовиќ и победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ наводно се во емотивна врска, пишува деновиве курир.рс

Наводно, Марија многу не се грижи поради овие пишувања, но родителите на Џејла биле многу вознемирени.

Родителите со неверување читале за односот меѓу победничката на музичкото шоу и нејзината менторка. Тие биле лути и бесни, а Џејла им објаснила дека со Шерифовиќ само е блиска пријателка и дека љубовната афера и ја сместуваат љубоморните колешки од натпреварувањето. Таа им зборувала дека кандидатите кои се натпреварувале со неа не можеле да го поднесат нејзниот успех.

фото: принтскрин/инстаграм

Како што пишува курир.рс, семејството на Џејла многу ја почитува и цени Шерифовиќ, но сознанието дека нивната ќерка има нешто повеќе од пријателство со својата менторка за нив било удар.

Извор близок на Рамовиќ тврди дека Џејла ги убедувала своите родители да не се грижат, дека има момче со кое наскоро ќе ги запознае. Истакнала дека Марија е поддршка во кариерата и образованието. Исто така, таа им објаснила дека била кај Шерифовиќ во станот, но никогаш не спиела таму

Останати вести од Радио Милева