Радио Милева

Родиќ не ја тргаат насмевката од лицето: По гала свадбата, семејството има нов повод за славење

Родиќ не ја тргаат насмевката од лицето: По гала свадбата, семејството има нов повод за славење
фото:весна лалиќ/рас србија

Не помина една недела од гала свадбата на Богдана и Веjко Ражнатовиќ каде присуствуваа 500 гости во еден белградски хотел, а сега семсјтвото на невестата има нова причина за славење.

Имено, мајката на Богдана, Бојана и Наташа, Даниела Родиќ денес го слави роденденот, а нејзините наследнички јавно и го честитаа 49-от роденден.

– Те сакам најмногу на светот – напиша Бојана, додека Наташа додаде: „Прекрасен ден“.

Даниела и Богдан Родиќ не ја кријат својата среќа што напролет нивната најмала ќерка Богдана ќе го донесе нивното прво внуче на свет, а неодамна тие ги отворија своите души на оваа тема:

– Го спремаме она што на сите веројатно им треба. Премногу е рано да се зборува за тоа, а и таква работа треба да остане само во семејството. Нека оди сè како што треба, така што сè друго ќе биде лесно – изјави мајката на Богдана за Курир.рс.