Радио Милева
Ја засени мама

Роденденска забава за полнолетство: Ќерката на Наташа Малинкова израсна во вистинска убавица – фотографиите ги објави со задоцнување, ама на нив е женска ипол (фото)

Роденденска забава за полнолетство: Ќерката на Наташа Малинкова израсна во вистинска убавица – фотографиите ги објави со задоцнување, ама на нив е женска ипол (фото)
фото:наташа малинкова/инстаграм принтскрин/ metomax_photography

Поп-пејачката Наташа Малинкова е горда мајка на две ќерки, постарата Султана и помалата Емилија.

Наташа со првата наследничка доста млада се има реализирано во улогата на мајка, па денес за некои е чудно кога ќе каже дека има ќерка која деновиве прослави полнолетство.

фото:инстаграм/наташа малинкова

Имено, Султана кон крајот на месец март наполни 18 години, а мама тоа го сподели јавно на својот Инстаграм профил за што пишувавме и претходно.

Сепак, роденденските фотографии од полнолетството се појавија нешто подоцна.

Темата на роденденот била во црно-бела боја, впечатлива торта, но и стајлинг на славеничката која блескаше со својтата атрактивна појава во црно издание со длабоко деколте.

фото:инстаграм/наташа малинкова

За големиот ден на убавата Султана се пофали мама Наташа, ама и тетката по татко, фолк пејачката Ани Малинкова која гордо ја објави внуката на социјалните мрежи.

Инаку, во една прилика Наташа за својата прва наследничка изјави:

фото:инстаграм/наташа малинкова

-Да бидам искрена, Султана ми е како другарка и таа секогаш ми е поддршка во кариерата, а ѝ јас учам за трендовите во мзсиката од неа. Но, колку и да сме блиски, сепак јас сум прилично строга,мајка иако можеби не изгледам така“, откри Малинкова- кажа Наташа во една прилика.

Мама и тета се пејачки, а дали Султана или Емилија ќе покажат афинитети кон музиката, останува времето да покаже.

Останати вести од Радио Милева