Радио Милева
Музичка историја

Родена за на сцена: Вака изгледаше и пееше Калиопи како дете на својот прв настап на „Златно славејче“ 1976 (видео)

Родена за на сцена: Вака изгледаше и пееше Калиопи како дете на својот прв настап на „Златно славејче“ 1976 (видео)
фото:калиопи/инсатграм/принтскрин

Оваа 2020 година реномираниот фестивал за детски песнички „Златно славејче“ слави јубилејни 50 години од своето постоење.

Половина век многу генерации дечиња пораснаа со песничките од фестивалот, некои од нив станаа пејачи токму од таа сцена, а некои пак од песничките и денес останаа да се пеат.

На шестото издание од своите почетоци на федтивалот, односно во далечната 1976 година, својот прв пастап со песничката „Мојата учителка“ го имаше тогаш малата Калиопи.

Деновиве пејачкта на својот Инстаграм најпрвин овјави снимка од времето кога се појавила на „Златно славејче“ како поранешна учесничка, веќе голема девојка во втора година на Музичка академија во Скопје, веќе сигурна дека музиката е нејзиниот пат, пред публиката ја пее „Мојата учителка“.

Во описот на видеото напиша дека жали што снимката од нејзиниот прв настап на сцена и победата со оваа песничка, повеќе не постои.

 

View this post on Instagram

 

I am very sorry that my first performance and victory at the legendary children’s festival “Golden Nightingale” in 1976, with the song “My Teacher” no longer exists in the archives of the Macedonian National Television. It has been deleted, as well as many other festivals’ recording since its inception. Damage…Because it was history and something that is part of the treasure of this country of mine. The festival is celebrating its 50th anniversary this year. Fortunately, this recording exists, which was taken 9 years later after my first performance, when I have already started my career with the group “Kaliopi”. It was again some jubilee festival. On the stage is my adored and beloved maestro and orchestra conductor Aleksandar Dzambazov, the author of my song and someone who foresaw a great future for me in music. I thank him for that. Also thanks to the “Golden Nightingale” Festival. And this song has been for a long time an anthem in schools. Enjoy! @maestrodzambo #❤️ #фестивал #златнославејче

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) on

Многу ми е жал што мојот прв настап и победа на легендарниот детски фестивал „Златно славејче“ во 1976 година, со песната „Мојот учителка“ веќе не постои во архивите на Македонската национална телевизија. Тој е избришан, како и снимањето на многу други фестивали од неговото основање. Штета … Затоа што тоа беше историја и нешто што е дел од богатството на оваа моја земја. Фестивалот годинава слави 50-годишнина од постоењето. За среќа, оваа снимка постои, која е направена 9 години подоцна по мојот прв настап, кога веќе ја започнав мојата кариера со групата „Калиопи“. Повторно беше некој јубилеен фестивал. На сцената е обожаваниот и сакан диригент, маестро Александар Џамбазов, авторот на мојата песна и некој што ми предвидуваше голема иднина во музиката. Му благодарам за тоа. Исто така, благодарение на фестивалот „Златно славејче“. И оваа песна веќе подолго време е химна во училиштата. Уживајте!

Но, нешто подоцна, токму оваа куса снимка од малата Калиопи како ја пее „Мојата учителка“, се појави од архивата на нејзиниот братучед.

Ова е единственото нешто што останува да сведочи за мојот настап во 1976 година на фестивалот „Златно славејче“. Снимката е направена од камерата на мојот братучед од 8 мм, пишува Калиопи навраќајќи се на спомените.

За потсетување,фестивалот „Златно славејче“ бил основан во 1971 година од страна на неколку членови на Советот за грижа и воспитување на децата, и тоа: Александар Џамбазов, Васил Пујовски и Благоја Јордановски. Првото издание на фестивалот било одржано на 23 мај 1971 година, во Драмскиот театар во Скопје. На него биле изведени 25 композиции, а меѓу учесниците биле и Игор Џамбазов и Баже Маротов. Подоцна, на овој фестивал своите први настапи ги имале повеќе македонски музички ѕвезди, како: Калиопи, Тоше Проески, Влатко Илиевски, Симон Трпчески,Васил Гарванлиев, Ана Дурловски, Давид Темелков итн. Заклучно со 2017 година, на фестивалот учестувале 5.000 деца (како солисти или како членови на хорот), а биле изведени околу 950 композиции. Според некои груби процени, на сите изданија на фестивалот присуствувале околу еден милион гледачи.

Останати вести од Радио Милева