Радио Милева
„Најубаво е чувството да се биде мајка“

Роден е на ист датум како и внукот на Цеца: Елена Миленковска со емотивна порака за првиот роденден на синот (видео)

Роден е на ист датум како и внукот на Цеца: Елена Миленковска со емотивна порака за првиот роденден на синот (видео)
фото: Инстаграм/елена миленковска

Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ имаа убав повод за славење.

Имено, нивниот син Максим вчера (03.06.2021) наполни година.

фото: Инстаграм/елена миленковска

Токму по тој повод, пејачката се огласи на својот „Инстаграм“ објавувајќи видео сумирајќи убави и среќни моменти со наследникот.

„Нема никаква патетика, беше доволно што се исплачав додека го правев видеото. Секој родител знае какво е чувството кога ќе создадеш нов живот. 03.06.2020 во 22 и 45 се роди ова неверојатно сушество под чии стапала цвета цвеќе. Најубаво чувство е да се биде мајка. Среќен роденден, цвете мој. Те сакам, ти си ми причина за се“, напиша пејачката покрај објавата.

Под истата се нижеа честитки од нејзините пријатели.

Инаку, Елена и Гуте се запознаа за време на учеството во „Ѕвездите на Гранд“ кога беа под менторство на Ана Бекута.

Потоа започнаа врска, па по неколку месеци заедно се свршија, а во јануари претходната година го кажаа судбоносното „да“, а во јуни станаа родители на син.

Потсетуваме, Елена и оваа сезона беше дел од „Ѕвездите на Гранд“ и под менторство на Александар Милиќ Мили, но испадна од музичкото шоу.

Останати вести од Радио Милева