Радио Милева
„биполарна“...

Риалити старлетата која беше избркана од „Задруга“ и беше „во шема“ со Аца Лукас, сега страсно се „залапа“ со… девојка! (ВИДЕО)

Риалити старлетата која беше избркана од „Задруга“ и беше „во шема“ со Аца Лукас, сега страсно се „залапа“ со… девојка! (ВИДЕО)

Ријалити старлетата Маријана Зоњиќ на јавноста и стана позната по тоа што беше буквално избркана од реалното шоу „Задруга“, а тврдеше и дека била во врска со Аца Лукас, кој и праќал СМС пораки со непристојни предлози и неколкупати ја канел да дојде во неговиот стан да се видат, што наводно и се случило.

Изолацијата и карантинот од корона пандемијата ги помина повеќе гола отколку облечена, па провокативните  фотографиите и секси видеоклипчињата со помош на „Тик-Ток“ апликацијата секојдневно ги споделуваше на социјалните мрежи. Марјана како едвај да  ја дочека „слободата“ и укинувањето на рестриктивните мерки, па првата можност ја искористи да заврши во кафеана, но, не сама…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marijana Zonjić (@marijanaa_zonjic) on

Имено, поранешната учесничка во „Задруга“,  на приказните од својот Инстаграм профил објави видео на кое пуши наргиле заедно со уште една девојка, со која во еден момент страсно се бакнува во уста, разменувајќи го чадот од наргилето.

Видеото јасно покажува дека Марјана и нејзината „другарка“ се повеќе од блиски, а размената на бакнежи „усни на усни“ е пак индикација и за нешто друго, што асоцира на многу повеќе од само „најдобри другарки“.

И додека оваа „жешка акција“ ги запали социјалните мрежи, Вистина.ком.мк дојде до сознание дека „љубовта“ помеѓу бившата на Лукас и нејзината „најдобра другарка“, не е ниту случајна, ниту е од вчера, туку датира од поодамна.

Имено,  мистериозната девојка со која ријалити старлетата јавно „се залапа“ е всушност нејзина „стара љубов“ и другарка, која се вика Александра Крстиќ. Таа и беше голема поддршка и стоеше зад Маријана и додека старлетата беше ученик во реланото шоу „Задруга“, па уште тогаш беше забележана од медиумите.

Фотографиите и постовите покрај нив на нејзиниот Инстаграм, уште од тоа време покажуваат дека помеѓу „најдобрите другарки“, постои многу повеќе од „другарство“!

 

Впрочем, најновото видео со наргилето на Маријана Зоњиќ и нема толку да ве изненади и шокира, откако ќе ги погледнете постарите клипови со  блискоста при авантуриите на „двете најдобри другарки“, како на пример овој подолу.

Останати вести од Радио Милева