Радио Милева

Револтирана и бесна: Весна Бејби Петрушевска „распали“ по Жељко Митровиќ и реалните шоуа

Револтирана и бесна: Весна Бејби Петрушевска „распали“ по Жељко Митровиќ и реалните шоуа

Сведоци сме на 21-от век каде модерната технологија напредува, а интернетот и технолошките уреди се незаменливи.

Во денешно време на ТВ екраните може да следиме разни шоу- програми од едукативен, забавен, музички, информативен карактер.

Во последните неколку години популарни се и реалните шоуа „Големиот брат“, „Парови“, а последно актуелно е „Задруга“.

Првата сезона на „Задруга“ во продукција на Пинк и Жељко Митровиќ ги сруши сите рекорди како во регионот, така и во Македонија.

На некои им се допаѓа ова реално шоу, па ги следат сите интересни случувања.

Претходната сезона ја одбелажа љубовниот триаголник меѓу Луна Џогани, Слоба Радановиќ и неговата Киа Коцкар.

фото: телеграф

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска револтирана од реалните шоуа на својот портал мојсајт.мк  напиша колумна во која го изнесе својот став за Жељко Митровиќ и реалните шоуа.

фото: екслузива.ба

Не би го пишувала овој текст да сум раат дека нашава македонска публика не се пали на Цеца, Лукас, Раста и реални програми како што е Задруга. На сите оператори може слободно да си гледате 15 канали на Пинк телевизија и да го следите ова реално шоу. Ок, да,  имате право да си гледате што сакате, ама така малку е повеќе од непристојно тоа што се случува 24 часа дневно. За новата сезона на ова реално шоу, патем морав да изгледам нешто од нешто за да видам за што се работи, Митровиќ гуруто на турбо фолкот и реалните програми потрошил ни повеќе ни помалку, туку 18 милиони евра.  Велат дека парите ги направил со тоа што последниве неколку години државата не му зема данок.  Веројатно ги убедил за ослободување од оваа обврска затоа што прави големи уметники дела, секако по свое убедување.  За да биде приказната апсурдна. негов херој од детството е Козимо Медичи кој пак навистина бил мецена и знаел да поддржи уметници како што се Донатело,Брунелески…го слушам и си велам,мора да гледа нешто што јас не гледам. За време на Козимо е изградена познатата катедрала Санта Мариа де Флоре во Фиренца.  Митровиќ на сред телевизискиот сет за ова реално шоу му кренал шест метарска скулптура на Козимо.  Нека има така поголема троа, пишува Весна во колумната.

фото: екслузива.ба

Инаку, неодамана започна и новата сезона на „Задруга“, каде што повторно учествува Луна Џогани, а за истата се издвони 18 милиони евра.

фото: ексклузив.ба