Радио Милева
за него нема зима

Ретко може да го видите во вакво издание: Филип Пецовски разголен прати поздрав од базен (фото)

Ретко може да го видите во вакво издание: Филип Пецовски  разголен прати поздрав од базен (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/ филип пецовски

Пејачот Филип Пецовски стана познат на публиката по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Уште со самото негово појавување на сцената, Пецовски  го привлече вниманието на жирито и на публиката.

Со своите интересни, поразлични перформански секогаш правеше хаос, а жирито и публиката беа на нозе кога настапуваше Филип.

фото: принтскрин/инстаграм/ филип пецовски

Освен тоа што важеше за добар пејач и шоумен, македонскиот кандидат важеше и за добар фраер.

По завршувањето на финалето, Филип се посвети на својата музичка кариера, објави неколку песни.

Тој има профили на социјалните мрежи, но не е претерано активен секојдневно да објавува фотографии.Меѓутоа, Филип објави фотографија на која е разголен и позира од базен и ги покажа своите затегнати мускули.

фото: принтскрин/инстаграм/ филип пецовски

Објавата достигна над 2000 лајкови, а неговите следбеници не чекаа многу да му остават многу коментари.

Останати вести од Радио Милева