Радио Милева
копија на мама?

Ретко ја покажува во јавност: Вака изгледа мајката на Ноне Неделковска (фото)

Ретко ја покажува во јавност: Вака изгледа мајката на Ноне Неделковска (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм/ноне неделковска

Македонската пејачка Ноне Неделковска веќе неколку години не е дел од јавната музичка сцена и нејзиниот професионален живот се насочи во друг правец.

Имено, Ноне работи на брод, а ова нејзина нова професија се покажа како погодона за неа.

Некогашната пејачка речиси го прошета цел свет и нема каде не беше, ем уживајќи во работните ангажмани, ем во убави, егозтични патувања.

фото: Принтскрин/инстаграм/ноне неделковска

Едноставно, спои убаво и корисно.

Меѓутоа, откако започна пандемијата со коронавирусот,  Неделковска своето слободно време го поминува во родниот Велес заедно со своето семејство.

Таа не е од оние корисници кои висат по социјалните мрежи и на секоја минута да објавува што прави, но некогаш знае да направи исклучок.

Иако, Ноне не го експонира премногу своето семејство, овој пат покажа од кого ја наследила својата убавина.

фото: Принтскрин/инстаграм/ноне неделковска

Имено, Ноне во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија со нејзината мајка со која неверојатно си личат.

„Мама“, напиша Неделковска покрај фотографијата.

фото: Принтскрин/инстаграм/ноне неделковска

Се согласувате ли дека Ноне е копија на нејзината мајка?

Останати вести од Радио Милева