Радио Милева
Си поласка сама

„Реално, како да не сум трудна“: Луна Ѓогани покажа како изгледа во осмиот месец од бременоста (фото)

„Реално, како да не сум трудна“: Луна Ѓогани покажа како изгледа во осмиот месец од бременоста (фото)
фото:луна ѓогани/инстаграм принтскрин

Победничката во втората сезона на реалното шоу „Задруга“, Луна Ѓогани е во осмиот месец од бременоста, а многумина коментираат дека изгледа феноменално, а и самата таа си се пофали себе си.

Имено, Луна позираше во лифтот, со свртен грб, во тесни фармерки и бела маица, а фотографиите ги објави на Инстаграм, и самата си поласка дека нема многу промени на нејзиното тело освен на стомакот.

фото:луна ѓогани/инстаграм принтскрин

„Како да не сум бремена, реално“, напиша таа во описот на фотографијата.

Набргу потоа, Луна покажа како изгледа однапред и ги насмеа сите свои следбеници:

„Но, тука е мојот стомак … Стомачиште“.

фото:луна ѓогани/инстаграм принтскрин

Да потсетиме, Луна откри дека ќе и го даде името Миа на ќерката што ја очекува со Марко Миљковиќ.

Останати вести од Радио Милева