Радио Милева
Пред правдата

Раста за 10 дена пред суд: Каква казна го чека српскиот рапер?

Раста за 10 дена пред суд: Каква казна го чека српскиот рапер?
фото:принтскрин инстаграм

Првиот основен суд во Белград закажа рочиште на кое ќе се разгледува договорот за признавање на вина за нелегално поседување дрога, што го склучи раперот Стефан Ѓуриќ Раста, со Вишото јавно обвинителство во Белград.

Рочиштето на Раста е закажано за 12 март и ќе се одржи пред судијата на претходна постапка, кој, доколку го потврди договорот, ќе изрече пресуда за Ѓуриќ и Лука Б. со казните што ги договорија со обвинителот.

На овој начин, тој ќе избегне судење и можност за изрекување на потешки казни.
Според договорот, Ѓуриќ признал нелегално поседување на повеќе од половина килограм сканк за лична употреба за една година домашен притвор, а Лука Б. нелегално поседување 90 грама кокаин за лична употреба за една година на „класичен затвор“.

На крајот на јануари им беше укинат притворот, во кој минаа скоро четири месеци од апсењето во октомври минатата година.

По тримесечна истрага на Вишото јавно обвинителство поради сомневање дека сториле потешко дело – трговија со дрога, кон крајот на минатата година беше покренато обвинение за нелегално поседување дрога, но наскоро беше постигнат договор за признавање на вина.

На рочиштето во обвинителството по апсењето, Ѓуриќ се бранеше дека пронајдената дрога ја користел за лична употреба, но обвинителството во тоа време не му верувало.

Останати вести од Радио Милева