Радио Милева

Раскош како од бајките: Кајли и Тревис и приредија роденден за паметење на малата Сторми (фото)

Раскош како од бајките: Кајли и Тревис и приредија роденден за паметење на малата Сторми (фото)
инстаграм/кајлиџенер

Една од најбогатите жени во Америка и најмладата сестра на кланот Кардашијан-Џенер, го прослави првиот роденден на ќерката Сторми, а деталите кои се најдоа на забавата на малечката според мислењето на фановите се претерани и неумерени.

Со оглед дека сестрите Кардашијан-Џенер од моментот на појавување пленеа со посебно внимание, раскошот кој Кајли Џенер го приреди на ќеркичката не е нималку за чудење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Кајли со професионален тим осмисли забавата да биде во огромен шатор кој беше богат со согржини за деца, но и возрасни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Од ентериерот преовладуваше розовата боја, а роденденската торта беше како од бајките.

инсатграм/кајлиџенер

Малата Сторми имаше прекрасна насмевка на лицето, а како и не би имала кога мама и тато и приредија соврешен роденден.