Радио Милева
големиот актер во „Бекстејџ“

Раде Шербеџија на гости во Скопје призна дека е ЈУ-носталгичар: „Ех мала моја, само кога би знаела какви времиња беа тоа?“ (ВИДЕО)

Раде Шербеџија на гости во Скопје призна дека е ЈУ-носталгичар: „Ех мала моја, само кога би знаела какви времиња беа тоа?“ (ВИДЕО)

Познатиот хрватски актер и изведувач, Раде Шербеџија, деновиве беше гостин во Македонија, па неговото присуство во македонската престолнина го искористи естрадниот магазин „Бекстејџ“ за интервју со големиот актер.

Во рамки на интервјуто, холивудската екс-ЈУ ѕвезда зборуваше за својата кариера, семејството,  новиот албум кој го снимаше во студиото на браќата Тавитјан, но и за носталгијата за Југославија.

„Ех малечка моја, само кога ти би знаела какви времиња беа тоа… Прекрасни, тоа не се опишува со зборови“… –  и се обрати Раде на новинарката.

Инаку, Шербеџија одржа и концерт во Скопје под името „Ја те пјесмом зовем“.

Целото интервју  со можеби најголемиот екс југословенски актер можете да го погледнете во видеото во продолжение:

Останати вести од Радио Милева