Радио Милева
корона кавга...

Рада Манојловиќ и Харис заради коронавирусот раскинаа: Карантинот сите ги зближува, нив жестоко ги скара! (ФОТО)

Рада Манојловиќ и Харис заради коронавирусот раскинаа: Карантинот сите ги зближува, нив жестоко ги скара!  (ФОТО)

Над врската на Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ повторно се надвија темни облаци. Како што открива изворот за „Стар“,  естрадно-љубовната двојка првично се согласила да се изолира заедно во еден заеднички стан во Белград, но „курцшлусот“ избил кога пејачот попуштил под притисок на неговите родители и решил да се врати во Босна и Херцеговина.


Рада, наводно тоа не сакала да го прифати и не ја поднела добро неговата одлука, па паднала жестока расправија во која таа се му „плеснала“ в лице,  дека и таа се грижи за нејзиниот татко и сестра, па сепак решила да останае со него, како што бил првичниот договор.
Бидејќи Харис решил да оди во неговиот дом, гневната Рада во лутина му рекла дека слободно може повеќе да не се вратаќа, по што тие, според изворот, повеќе не се слушнале.

„Сега Берковиќ и пишува секој ден, но таа не му одговара на пораките и нема намера да попушти. Како ќе заврши сето ова меѓу нив – не се знае? Можеби сепак ќе се зажелат еден за друг, па  Манојловиќ сепак ќе попушти, а можеби и навистина е сега крај“- заклучил изворот.

Фото: рајко Ристиќ/РАС Србија

Останати вести од Радио Милева