Радио Милева

Пукна тиквата: Наместо свадба, Милица Тодоровиќ по петгодишна врска раскина со момчето

Пукна тиквата: Наместо свадба, Милица Тодоровиќ по петгодишна врска раскина со момчето
фото: дамир дервишагиќ

Некогашната победничката на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Милица Тодоровиќ беше во петгодишна врска со кореографот Милош Пауновиќ.

Иако често се пишуваше дека парот планира венчавка и наскоро ќе стапне на „луд камен“, српските медиуми  пишуваат дека тие ја прекинале врската и не живеат повеќе заедно.

фото: драгана удовиќиќ

Парот веќе два месеци не е во врска, а пејачката го замолила Милош да се исели од станот додека таа е на турнеја.

ПР службата на Милица потврдила дека раскинале, а како причина се наведува различните мислења за иднината.

Милица последна заедничка фотографија со Милош ја објави во мај оваа година.

Милица и Милош беа во врска повеќе од пет години.Пред романсата со Милица, Милош беше во брак со црногорската пејачка Андреа Демировиќ со која има син, а нивниот развод траеше неколку месеци.

 

Погледајте ову објаву у апликацији Instagram

 

Malo mutna ali zato pogleeeeddd 🤤🤤🤤 . . . #milicatodorovic

Објава коју дели Milica Todorovic (@milicatodorovicofficial) дана

За потсетување, Милош и беше огромна поддршка на Милица во нејзината кариера, па така има режирано и неколку нејзини спотови.