Радио Милева

Пукна тиквата: Кајли Џенер и Тревис Скот се разделуваат по двегодишна врска

Пукна тиквата: Кајли Џенер и Тревис Скот се разделуваат по двегодишна врска
фото: Профимедиа

По двегодишна врска, Кајли Џенер раскина со Тревис Скот, пренесуваат странските медиуми.

По долги расправи и кавги, парот одлучил да паузира, пренесува „ТМЗ“. Кајли со раперот започна да се забавува во 2017 година, а набргу потоа остана трудна и ми ја роди ќерката Сторни.

Последен пат парот е виден на примиерата на еден филм, а оттогаш нивниот однос е поладен.

Извори блиски до парот ја потврдија веста за реномираното списание People. „Тие сакаат да поминат некое време разделени, но не засекогаш. Сè уште имаат проблеми со довербата, а нивните проблеми уште повеќе се засилија поради стресот од нивниот начин на живот – рекол изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Кајли и Тревис велат дека не раскинале потполно туку одлучиле привремено да се разделат, за да си дадат простор и време.

Парот сега живее во посебни куќи, а Кајли на Тревис му дозволила редовно да ја гледа ќерката.

Останати вести од Радио Милева