Радио Милева
развод или брак на дистанца?

Пукна бракот на српската фолк двојка Миле Китиќ – Марта Савиќ: Нема веќе циле-миле, се разведе бате Миле или…? (ФОТО)

Пукна бракот на српската фолк двојка Миле Китиќ – Марта Савиќ: Нема веќе циле-миле, се разведе бате Миле или…?  (ФОТО)

Неодамна во српските медиуми осамнаа гласините дека пејачот Миле Китиќ и неговата сопруга, пејачката  Марта Савиќ наводно се разведуваат.

Соседите откриваат дека не веруваат во приказните за разводот на фолкерите и дека пејачката двојка во маалото каде што живеат се однесуваат како да не се познати личности. Нивната ќерка Елена, пак, е најмалку видена. Пејачката остана во Доминиканската Република од почетокот на корона пандемијата. Во елитното подрачје во центарот на градот, каде што овој фолк брачен пар има прекрасна вила во која живеат со нивната ќерка Елена, која исто така е пејачка, приказната за разводот не била ни на повидок кај соседите.

„Со нив често се среќавав тука, сепак, сега поретко. Миле помина тука пред некој ден, но Марта ја нема веќе со месеци. Прочитав во медиумите дека заминала на патување. И ако досега не се разделиле, еден од одморите на пејачката сигурно нема да ги уништи нивните планови. Се чинеше дека тие се сакаат и дека се заљубени“ – смета еден сосед од блиската продавница, кој сакаше да остане анонимен. Еден друг сосед исто така ги пофали:

„Како соседи се одлични, тие секогаш реагираат убаво и се весели. Еден од мајсторите кој работи на блиско градилиште вели дека пред некој ден го видел Миле.

„Помина таму неколку пати. Најнормален човек, како воопшто да не е познат. Тој дојде од Хрватска, па го среќаваме по малку“ – изјавил еден градежник од соседството за Супер ТВ. Бидејќи во близина има и фризерски салон, двете љубезни девојки истакнале дека често ја гледаат нивната ќерка Елена.

„Елена често поминува оттука, ни се чини дека вози џип, но не сме сигурни. Марта често оди без шминка и  во кежуал облека. Миле постојано носи весник во раката и оди во продавницата да купи намирници. Не сум чула приказни за развод, па затоа не можам да го тврдам тоа“ – вели една од девојките, додека другата продолжува.

„Не обрнував толку внимание, но да, ги среќавам. Ја видов и Елена Китиќ како носи торби од продавницата. Ја сакам нејзината музика и ја слушам често, таа е особено популарна сега“.

После сите овие наводи и кажувања, се’ уште останува останува дилемата што ќе се случува со брачната фолк двојка Миле Китиќ – Марта Савиќ: Развод или „брак на дистанца“?

Останати вести од Радио Милева