Радио Милева
навива за мама

Првпат заедно пред камери: Елена Миленковска ја имаше најслатката поддршка во „Ѕвездите на Гранд“

Првпат заедно пред камери: Елена Миленковска ја имаше најслатката поддршка во „Ѕвездите на Гранд“
фото: Принтскрин/инстаграм/елена миленковска

Во последната емисија на регионалното музичко шоу настапуваше и Елена Миленковска од Скопје. Eлена настапуваше во дуел со Марко Петковиќ.

Таа се претстави со песните „Гинем“ од Магазин и „Тај живот мој“ од Ана Бекута.  По нејзината изведба Миленковска доби 4 гласа и помина во бараж.

фото: Принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

„Беше многу лоша, но во твојот глас слушам нешто што на твојот продуцент може да му донесе макар еден промил слава. Ти дадов глас за да се обидеш уште еднаш во следниот круг, ако сега поминеш“, изјави Босанац за Елена.

Ана Бекута истакна дека Елена многу се разубавела по породувањето,  но дека изгледа „стегнато“ на сцена.

фото: Принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Јелена Карлеуша го пофали стајлингот на Миленковска, но истакна дека нејзиниот ментор не ја подготвил за настапот. Мили, кој е ментор на Елена имаше одговор на оваа критика на Јелена

„Дај,не трескајте, девојката разнесе. Преубава енергија и првата и втората песна. Беше совршена“, изјави Мили.

„Елена, ментерот нека ти се посвети малку повеќе на тебе, а не на лакирање нокти“, додаде Карлеуша.

Миленковска додека се натпреваруваше на сцената, во „собата за емоции“ ја имаше најубавата и најслатката поддршка односно нејзиниот син Максим и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ.

фото: Принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Потсетуваме, Елена и Гуте се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“ кога беа под менторство на Ана Бекута, на почетокот на 2020та стапија во брак, а во јуни добија син.

фото: Принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Миленковска пееше во бараж и жирито одлучи дека треба да оди во следниот круг.

Нејзиниот настап може да го погледнете на видеото подолу на 2:51: 54

Останати вести од Радио Милева