Радио Милева
реши да проговори или да ја провоцира?

Првпат по порно аферата, Огњен Врањеш пред камери и испрати порака на Јелена Карлеуша (ВИДЕО)

Првпат по порно аферата, Огњен Врањеш пред камери и испрати порака на Јелена Карлеуша (ВИДЕО)
фото: Принтскрин/новотси.рс

Босанскиот фудбалер беше гостин во една емисија  која ja работи босанскиот портал „Aваз.ба“, во која запрвпат проговори за скандалот со Јелена Карлеуша.

„Светот ми го свртеа некои „бабароги“. Се обидоа да ми го уништат животот, но излегов посилен од тоа. Ништо не е вредно за проблемите во животот. Не давам никогаш да удират по моето семејство. Никогаш не очекував толку зло, иако луѓето можеби ќе кажат дека јас прв го нанесов тоа зло. Никогаш во животот не сум направил никому лошо, па ниту на тие неважни личности кои глумат криминалци на батерии.  Тоа е популарно, тие луѓе да глумат сила“ – изјавил Врањеш.

фото: принтскрин/јутуб

Тој исто така и испрати порака на српската „скандал дама“, порачувајќи и дека треба повеќе да внимава на своите деца.

„Не сакам да им праќам пораки на луѓето, но сега ќе го направам тоа. И порачувам на таа дива повеќе да се грижи за своите деца, отколку за туѓите. Нека не се заморува со глупости и нека не нанесува зло.  Како што вели таа, на неа и прават лошо, а работата е обратна, често ги провоцира луѓето, ги провоцира туѓите деца и семејства“ – вели Врањеш.

фото: принтскрин/јутуб

За потсетување, на почетокот на годината беа објавени експлицитни фотографии од Карлеуша која наводно и ги праќала на фудбалерот. Таа ги демантираше овие пишувања и истакна дека сето тоа е монтажа, но…

Останати вести од Радио Милева