Радио Милева

Првпат не се појави: Ова е причината поради која Цеца не дојде на судењето со Јелена Карлеуша (фото)

Првпат не се појави: Ова е причината поради која Цеца не дојде на судењето со Јелена Карлеуша (фото)
фото: Дамир Дервишагиќ

Денес во судот во Белград требаше  да биде одрежно судење меѓу Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ.

Меѓутоа, овој пат Цеца првпат не се појави на судење и се тоа поради здравствени причини.

Цеца денес не беше во можност да се појави на судењето бидејќи се разболела и има висока температура.

фото: владимир шоргачиќ

Нејзиниот адвокат се појави во судот и го оправда нејзиното отсуство.

Судењето е одложено, а станува збор за рочиште на кое требаше да се направи обид да се смират Цеца и Јелена.

Имено, Ражнатовиќ ја тужеше Карлеуша бидејќи во еден дневен весник изјави дека Цеца е вмешана во убиството на нејзиното поранешно момче.