Радио Милева

Првото дете кое го посвои Анџелина Џоли се сели од семејната куќа

Првото дете кое го посвои Анџелина Џоли се сели од семејната куќа
фото: Профиемедиа

Најстариот и првиот син кој го посвои Анџелина Џоли, Мадокс на почетокот на неделата наполни 18 години и се подготвува да го напушти семејното гнездо и да замине на студии на другиот крај од светот, пренесува „People“.

Откако Бред Пит ја напушти куќата, сега од домот се сели уште еден маж.

Иако нема да остане сама туку со неа ќе бидат уште деца, сепак заминувањето на Мадокс нема да и биде лесно бидејќи тој е нејзин миленик.

фото: Профимедиа

Извор близок на актерката вели дека таа е многу среќна поради тоа што Мадокс ќе запише медицински студии во Јужна Кореја.

За потсетување, Анџелина се одлучи да го посвои Мадокс во 2002 година на снимањето на филмот „Tom Raider“ во Камбоџа откако видела во каква сиромаштија живеат луѓето во тој крај.

Останати вести од Радио Милева