Радио Милева

Прво интервју на Ирина Шајк по раскинувањето со Бредли Купер

Прво интервју на Ирина Шајк по раскинувањето со Бредли Купер
фото: Профимедиа

Ирина Шајк првпат по раскинувањето со Бредли Купер дала интервју за еден магазин.

И додека многумина очекуваа да се огласи по повод крајот на бракот, таа останала воздржана.

„Мислам дека тоа се само луѓето, кога не можеш да имаш нешто баш тоа го сакаш.Постојат многу мистерии околу тоа, а ти сакаш само да разграничиш. Претпоставувам дека тоа е љубопитност“ вели Ирина.

Шајк открила дека и понатаму верува во бракот, но не и дали го посакува.

фото: Профимедиа

„Сите на тоа гледаат, различно. Дали верувам во брак. Да, секако. Јас не сум некој кој е против тоа“ вели поранешната девојка на Купер.

Кога станува збор за мајчинството, Ирина зборувала отворено. Со Бредли ја има двегодишната ќерка Леа и ужива на улогата на мајка.

фото: Инстаграм

„Мора да бидете искрени кон своите деца, инаку живеете во лага. Кажете ми само една причина зошто мора да носите долги здолништа затоа што сте мајка. Јас не верувам во тоа. Зошто мора нешто да менувате само затоа што станавте мајка“ вели таа.

За потсетување, неодамна Бредли раскина со Ирина, а како причина за нивното раскинување се наведува дека е Лејди Гага.