Радио Милева

Први фотографии од Дарко Лазиќ по операција на желудникот (фото)

Први фотографии од Дарко Лазиќ по операција на желудникот (фото)
фото: принтскрин

Неодамна во српските медиуми се појавија вести дека наводно Дарко Лазиќ го намалил желудникот.

Како што тврдеа медиумите, пејачот претходната година заминал под нож.

„Дарко го намали обемот на желудникот бидејќи тоа беше единствениот начин да се справат со вишокот тежина. Тој претрпе силна болка по операцијата, но наскоро ќе се врати на настапите, бидејќи паузираше еден викенд“ – изјави извор за српски Скандал.

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ сношти присуствуваа на еден настан, а за таа прилика одбраа модни елегантни комбинации.

Многумина ја пофалија витката фигура на Марина која се породи пред неколку месеци.

Меѓутоа, во фокусот на вниманието падна и новиот изглед на Дарко Лазиќ.

фото: инстаграм

Имено, под објавата се нижеше позитивни коментари на сметка на пејачот истакнувајќи дека го намалиле вишокот на килограми.

Останати вести од Радио Милева