Радио Милева

Прва проба на Тамара на Евровизија – еве го нејзиниот изглед и сценски настап (видео)

Прва проба на Тамара на Евровизија – еве го нејзиниот изглед и сценски настап (видео)
фото:принтскрин/јутјуб/евровизија

Пред два дена, Тамара Тодевска и македонската евровизиска делегација пристигнаа во Тел Авив каде Македонија на 16-ти со песната „Proud“ ќе се претстави на големата евровизиска сцена.

Подготовките за првата вечер на големиот музички настан се веќе во тек, а меѓу земјите учеснички кои ја имаа првата проба бевме и ние, односно Тамара која блесна во полн сјај со моќниот вокал и доминација во комплетна смисла.

фото:принтскрин/јутјуб/евровизија

Имено, на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб веќе се појави видео од првата проба, а од истото ја видовме и креацијата која модниот дизајнер Александар Ношпал ја изработи за неа.

Станува збор за едноставна и минималистичка тоалета во зелена нијанса со детали во пределот на деколтето и нагласениот струк.

фото:инсатграм/тамаратодевска

Како изгледаше Тамара и како звучеше, гледате од видеото во продолжение: