Радио Милева

Прва фотографија од синот на Дарко Лазиќ (фото)

Прва фотографија од синот на Дарко Лазиќ (фото)
фото: Инстаграм

Дарко Лазиќ неодамна стана татко по вторпат, односно неговата свршеница Марина Гагиќ роди син.

Дарко и Марина уживаат во првите месеци со синот, а Марина сега сподели први фотографии од синчето, но му го сокри лицето.

„Нашето прво фотографирање“ напиша Марина во описот на фотографијата.

фото: инстаграм

Дарко претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај спаси жива глава. Тој истакна дека следната година планира да се венча со Марина.

За потсетување, Лазиќ ја има ќерката Лорена од бракот со Ана Севиќ.

Останати вести од Радио Милева