Радио Милева
Роденденски

Прв роденден со ќерката: Наоми Кемпбел блеска на 51 година (фото)

Прв роденден со ќерката: Наоми Кемпбел блеска на 51 година (фото)
фото:ало.рс

Британската убавица неодамна доби улога на мајка, а сега конечно има можност да слави со својата ќерка.

Славниот британски супермодел, Наоми Кемпбел, го слави својот 51 роденден, а неодамна стана мајка на девојче чие име јавноста сè уште не го знае. На само 15 години стана една од најбараните манекенки, а и понатаму важи за убавица.

Пред неколку дена таа ги воодушеви своите верни обожаватели со веста дека стана мајка, но сè уште не е познато дали одлучила да посвојувои и да добие дете преку сурогати мајка бидејќи странските папараци ја фотографирале пред неколку недели со рамен стомак.

Наоми преку социјалната мрежа Инстаграм објави дека има можност да ужива во улогата на мајка, а по нејзината објава следеа бројни коментари и честитки.

– Прекрасен мал благослов ме избра да бидам нејзина мајка. Јас сум толку почестен што ја имам оваа нежна душа во мојот живот. Нема зборови да ја опишам врската што сега ја споделувам со мојот ангел. Нема поголема љубов од оваа – рекла Наоми, па започнала вистинска лавина коментари од обожаватели, но и од познати пријатели како Марк Џејкобс, Зои Салдана и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Наоми има два брака зад себе и не е тајна дека копнеела по наследници, а сега таа желба конечно се оствари.
– Мислам на родителството цело време. Верувам дека можам да ја остварам таа желба во секое време – рече таа за „The Evening Standard“ пред неколку години.

Останати вести од Радио Милева