Радио Милева
Бујно и секси

Провокативна како никогаш досега: Тијана Дапчевиќ со опасно деколте во „Никогаш не е доцна“ (видео)

Провокативна како никогаш досега: Тијана Дапчевиќ со опасно деколте во „Никогаш не е доцна“ (видео)
фото:„nikad nije kasno/instagram/printskrin“

Откако го заврши снимањето на петтата сезона на македонскиот ситком „Преспав“ каде ја игра улогата на Германката Ула, Тијана Дапчевиќ се врати во Белград каде постојано е медиумски активна.

Тијана стана се почест гостин кај водителот Жика Јакшиќ во жирито на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“, па ако мислевте дека е некое репризно издание кога гостувала Тијана, се лажете.

Српските медиуми оваа прилика ја искористија за разговор, а забрележаа дека Тијана никогаш не изгледала подобро, а акцентот го ставија на нејзиното длабоко деколте кое беше изненадување кога е нејзиниот моден израз во прашање.

Таа спомена дека коронависусот и наштетил во поглед на килограмите, па сега е посветена на здрав начин на живот и исхрана.

Призна дека повеќе не консумира алкохол (виски и ракија), но си дозволува да пие чаша вино двапати неделно. За среќа, таа вежба, во спротивно, како што вели, би изгледала поинаку.

„Воопшто не можам да ја повлечам рачната“, вели низ насмевка за „Гранд онлајн“ и додава: Сега Жика и Маре ми рекоа “Тихомирe, не знаевме дека си го ималa тоа. Секогаш си закопчана до грло”. Немав идеја дека ќе биде вака, не го пробав ова, рече низ воздишка пејачката.

Бидејќи на учеството на Тијана во ова музичко шоу станавме се почести сведоци, па ова може да биде идеја таа да биде во стандардна постава.

фото:никад није касно/инстаграм

Останати вести од Радио Милева