Радио Милева

„Proud“ ечеше на скопскиот аеродром: Македонскиот тим се врати дома – еве ја еуфоричната атмосфера (фото)

„Proud“ ечеше на скопскиот аеродром: Македонскиот тим се врати дома – еве ја еуфоричната атмосфера  (фото)
фото:принтскрин/тамаратодевска/инсатграм

Македонскиот евровизиски тим пристигна дома – се врати во Скопје.

Веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром ги пречекаа армија обожаватели кои гордо сакаа да ја споделат среќата со Тамара и со сите членови на македонскиот тим кои придонесоа да имаме одличен пласман на 8-то место, наедно и највисоко во евровизиската историја на Македонија од првото учество во далечната 1998 година.

Прва која ја дочека Тамара беше нејзината муза, нејзиниот двигател и инспирација за која пееше- ќеркичката Хана која го имаше главното внимание пред сите.

Откако мама Тамара се фотографираше со присутните фанови, се прегрнуваше, делеше автограми и ги споделуваше импресиите, специјално за сите присутни на поставената мини бина ја испеа „Proud“, а аеродромот ечеше од нејзиниот магичен и моќен вокал кој прави кожата да боли од ежење.

На понатамошните претставници на Евровизија може да им биде полесно, бидејќи сега кога ќе се спомене Македонија нема да им биде сеедно, кажа Тамара пред присутните.

Гордоста, среќата и задоволството од доживеаното, за неа и за целиот тим беа моменти кои никогаш нема да ги заборават.

Еве ја атмосферата:

Останати вести од Радио Милева