Радио Милева

Пропадна уште една свршувачка на Лејди Гага

Пропадна уште една свршувачка на Лејди Гага
фото:insatgram

Лејди Гага ја раскина свршувачката со агентот за таленти Кристијан Карин, тврди магазинот „People“, за кој пејачката наводно на потврдила оваа информација.

-Не успеа. Врските некогаш завршуваат. Не постои друга драматична приказна, велат од ПР тимот на пејачката.

По веста дека гламурозната венчавка е одложена поради промоцијата на филмот „The star is born“ во кој Гага ја има главната улога(и номинирана за Осакр), пејачката е видена на доделувањето на Греми наградите сама и без свршеничкиот прстен.

фото: Kevin Mazur/Getty Images for NARAS

Исто така,  не го спомена ниту свршеникот за денот на вљубените, така што голема е веројатноста дека на врската и дошол крајот.

Лејди Гага неколку години беше во врска со актерот Тејлор Кини, со кој ја заскина свршувачката кон почетокот на 2017 година. Набрзо потоа се впушти во романса со менаџерот Карин, кој од неа е постар 17 години, но сега ни тоа не успеа.

На ред е нова љубов.

Останати вести од Радио Милева