Радио Милева

Промена на планови: Софија Милошевиќ нема да се породи во Србија, а еве колку ќе чини породувањето

Промена на планови: Софија Милошевиќ нема да се породи во Србија, а еве колку ќе чини породувањето
фото: Инстаграм

Фудбалерот Лука Јовиќ и манекенката Софија Милошевиќ наскоро ќе станат родители, а парот мораше да го промени планот.

Како што пренесува курир.рс, планот се променил поради моменталната ситуација со коронавирусот, а фудбалерот се распрашувал меѓу своите колеги која е најдобра болница.

фото: Инстаграм

Тие му посочиле една болница во Мадрид каде породувањето ќе чини околу 25 000 евра.

Самото породување чини нешто повеќе од 4000 евра, а тоа е само главната интервенција, останатото се плаќа дополнително. Сместувањето во болница изнесува околу 2000 евра за еден ден, а ако трудницата сака да биде во апартман, тогаш се плажа 5000 евра од ден. Лука и Софија се одлучиле за втората опција.

фото: Инстаграм

Се плаќа и анестезијата, присуството на таткото за време на породувањето, музиката за време на породувањето.

Останати вести од Радио Милева