Радио Милева
експлицитна едукација

Професорка спиела со петмина ученици, а низ училиштето кружеле и нејзините експлицитни снимки (ФОТО)

Професорка спиела со петмина ученици, а низ училиштето кружеле и нејзините експлицитни снимки (ФОТО)

Професорката по историја и тренер по ватерполо Фиона Виоти (30) си дала отказ од професорското столче во приватното училиште „Bishops Diocesan“ во Кејптаун откако  ја пријавил 18-годишен ученик кој тврди дека имал афера со неа и дека таа му вршела притисок кога тој сакал да прекинат.

Случајот датирал уште од месец томври годинава, но дури сега излегол на виделина пред очите на јавноста зашто се работи за едно од најелитните приватни училишта во Јужна Африка.

„Момчето најпрвин го прифатило флертот со професорката кој потоа прераснал во врска, но кога сакал да прекинат, станал нејзина жртва. Таа одбивала да раскинат, постојано му вршела притиасок и не сакала да го остави на мира. Му праќала пораки канејќи го да дојде кај неа дома, но кога љубовните игри ја преминале границата,  тој сакал сето тоа да престане.

„Бидејќи таа не сакаше да го остави на мира, отидовме кај директорот на училиштето и се’ му раскажавме“ –  изјавил еден од  родителите на ученикот.

Кога стигнале истражителите, откриле дека професорката спиела со најмалку уште 5 други ученици – пишува „Daily Mail“.

 

Откриено е дека професорката им држела часови на учениците од 2013 до 2019 година, а нејзините експлицитни снимки почнале да се шират низ училиштето како и на Интернет.

Инаку Фиона претходно се занимавала со манекенство, а нејзините фотографии осамнале во познатиот магазин „Sports Illustrated“, а во училиштето стигнала најверојатно преку нејзиниот дедо, кој  бил едно време и директор, а исто така предавал и историја.

Откако пукнал скандалот, а работите излегле на виделина, Фиона и сопругот се развеле! Сепак, против неа нема да се покрене дисциплинска постапка, бидејќи дала отказ пред аферата да излезе во јавноста, но како што пишуваат јужно-африканските медиуми, тешко дека после ова ќе добие работа во некое училиште.

Останати вести од Радио Милева