Радио Милева

Продолжуваат приказните за аферата на популарниот пар: Лејди Гага се вселува во домот на Бредли Купер?

Продолжуваат приказните за аферата на популарниот пар: Лејди Гага се вселува во домот на Бредли Купер?
фото: тањуг

Не престануваат приказните за љубовната афера меѓу Лејди Гага и Бредли Купер.

Пред некое време во медиумите се појавија вести дека Ирина Шајк и Бредли Купер ја раскинале свршувачката, а Ирина се иселила од заедничкиот дом во Њујорк.

Како причина за нивно раскинување се наведува дека е Лејди Гага која наводно има нешто со Купер.

Во медиумите деновиве се шпекулира дека наводно Лејди Гага почнала да се вселува во домот на Купер во Њујорк кој вреди 13,5  милиони долари.

фото: тањуг

„Сега кога заврши врската на Ирина, Гага нема да дозволи Купер да и избега. Дури внесе дел од нејзините работи од нејзиниот дом“ изјави извор близок на парот за магазинот „In touch“.

Изворот тврди дека Гага купила и многу фустани, обувки и долна облека.

Како што тврди изворот Гага донела и свој мебел и почнала да го уредува домот по свој вкус.

Исто така се шпекулира дека парот планира и венчавка која ќе биде голема и раскошна.

Останати вести од Радио Милева