Радио Милева

„Признавам дека погрешив“ – десет дена пред свадбата Александра Пријовиќ си ја отвори душата!

„Признавам дека погрешив“ – десет дена пред свадбата Александра Пријовиќ си ја отвори душата!

Александра Пријовиќ наскоро ќе заплива во брачните води со Филип Живојиновиќ, а пејачката брои ситно до свадбата. Последните подготовки се во тек.

Пријовиќ деновиве во медиумите е актуелна не само поради нејзината свадба, туку поради и нејзиниот дует „Ко си ти“ со Саша Матиќ.

Двајавата пејачи беа гости во една утринска емисија каде што освен за дуетот,  пејачката откри како се чувствува пред големото случување.

„Се трудам да не мислам на тоа. Се однесувам како да свадбата е следна година“ изјави Александра и додаде дека е среќна што нашла како партнер како Филип.

„Го прашувам за се што се однеусва за мојата кариера и му верувам. Драго ми е што  го имам покрај мене“, изјави идната снаа на Брена.

Александра е свесна дека е главна тема во медиумите.

„Кога почнав бев пресреќна што ги гледав моите фотографии во медиумите и бев многу среќна, сега не. Признавам дека погрешив. Што барав, тоа добив“, заврши Александра.

фото:принтскрин