Радио Милева

Пристигнува уште едно бебе во кралското семејство?

Пристигнува уште едно бебе во кралското семејство?
фото: Профимедиа

Внуката на британската кралица, 29 годишната принцеза Евгенија претходната година му го кажа судбоносното „да“ на својот партнер, менаџерот Џек Бруксбанк

Последните фотографии од заљубениот пар повоторно предизвикаа шпекулации дека во кралското семејство ќе пристигне уште едно бебе.

Имено, 29 годишната принцеза и нејзиниот сопруг се фотографирани како излегуваат од дуќанот на една модна дизајнерка во Лондон.

фото: Профимедиа

Принцезата беше облечена во син фустан, а многумина шпкекулираат дека на фотографијата се гледа трудничкото стомаче на принцезата.

Од палатата се уште не се огласија по овој повод.