Радио Милева
брена стана баба

Пристигна принова во семејството Живојиновиќ: Се породи Александра Пријовиќ

Пристигна принова во семејството Живојиновиќ: Се породи Александра Пријовиќ
фото: принтскрин/инстаграм

Популарната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ станаа родители на нивното прво дете, поточно син.

Александра Пријовиќ се породила утринава во 9 часот пренесуваат српските медиуми. Пејачката се породила со царски рез,  а бебето било тешко 2.800 грама.

Наследникот на Александра и Филип  ќе се вика Александар.

Мајката и бебето се чувствуваат одлично. Иако, Александра прво размислуваше да се породи во Америка, пејачката тоа го стори во една приватна болница во Белград.

фото: Зоран Јевтиќ

Таа одлучила да се породи во Белград пред се’, бидејќи ќе има многу помош – дури од три баби!

На тазе мајката ќе и помогнат нејзината мајка, Филип, мајката на Филип, како и Лепа Брена.

На некогашниот најпознат тенисер, Боба Живојиновиќ ова му е прво внуче.

За потсетување, Филип и Александра во јуни претходната година запловија во брачните води, а сега го добија своето прво дете.