Радио Милева

Принцот Вилијам подготвува големо изненадување за Кејт Мидлтон за „Денот на вљубените“

Принцот Вилијам подготвува големо изненадување за Кејт Мидлтон за „Денот на вљубените“
фото: ап фото

По повод „Денот на Вљубените“, принцот Вилијам подготвува големо изненадување за Кејт Мидлтон.

Странските медиуми наведуваат дека принцот Вилијам планира романтична вечера за да ја изненади Кејт. Се шпекулира дека имаат ќе романтична вечер во нивниот омилен италијански ресторан во Лондон.

„Вилијам и Кејт често одат во тој ресторан, тоа им е омилено место каде што имаат одредена доза на приватност. На нив им е тешко да отидат некаде, а никој да не ги следи или фотографира. Вилијам е нежен и сигурен сум дека за својата жена подготвил честитка, убав подарок и можеби романтична вечера во нивниот дом“ изјави Кејти Никол, коментатор на кралското семејство.

„Не знам дали принцот ќе признае, но тој е сокриен романтик. Тој ќе се потруди Кејт Мидлтон да се чувствува посебно на „Денот на вљубените“.

За потсетување, братот на принцот Вилијам, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл неодамна одлучија да се повлечат од кралските должности.

 

 

Останати вести од Радио Милева