Радио Милева

Принцот Хари и Меган Маркл со нова фотографија од малиот Арчи го честитаа Денот на таткото (фото)

Принцот Хари и Меган Маркл со нова фотографија од малиот Арчи го честитаа Денот на таткото (фото)
фото:крис алертон/инсатграм

Фановите на кралското семјство на Британија се израдуваа на новата фотографија која ја објавија принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Ова е првпат откако неколку дена по раѓањето го претставија бебето на јавноста, а сега причината уште еднаш да го покажат лицето на малиот Арчи, беше Денот на таткото.

– „Среќен Ден на таткото! Му посакуваме да има многу специјален прв Ден на таткото на Војводата од Сасекс“ – гласи описот на фотографијата поставена на Инстграм профилот на кралското семејство каде кралското бебе го држи прстот на својот татко.

фото:епа/крис алертон

За потсетување, Меган и Хари станаа родители пред околу еден месец, а наскоро ќе се случи и кралската крштевка и тоа во капелата каде што се ванчаа.