Радио Милева

Принцот Хари и Меган Маркл ќе имаат само две деца, а ова е причината за тоа

Принцот Хари и Меган Маркл ќе имаат само две деца, а ова е причината за тоа
фото:инстаграм

Принцот Хари откри дека планира да има најмногу две деца, поради неговата зголемена грижа за иднината на Земјата.

Разговарајќи со активист и експерт за шимпанза Џејн Гудал за специјалниот број на британскиот Вог, војводата од Сасекс рече „најмногу две“ кога го прашале колку деца планира да има со сопругата Меган, пренесува Си-Ен-Ен.

„Со оглед на тоа колку сме интелигентни и колку еволуиравме мислиме дека сме, тогаш треба да им оставиме нешто подобро на идните генерации“, рече Хари.

фото:инстаграм

Британскиот принц човештвото го спореди со жаба во врела вода, истакнувајќи дека тоа било страшно.

Тој призна дека неговиот став кон планетата се сменил по раѓањето на принцот Арчи, но дека секогаш сакал да се обиде да ја спаси планетата, дури и пред да планира да има деца.

Кога Гудал го предупреди дека не треба да ги има премногу, принцот Хари ги повтори „најмногу две“.

Останати вести од Радио Милева