Радио Милева

Пријовиќ проговори за бракот со Филип Живојиновиќ, па откри што мисли за свадбата на поранешното момче

Пријовиќ проговори за бракот со Филип Живојиновиќ, па откри што мисли за свадбата на поранешното момче
фото: принтскрин/јутуб

Александра Пријовиќ веднаш по породувањето не чекаше долго  време да се врати на музичката сцена и да започне со настапи, но како што вели своето слободно го поминува со Филип и со синот Александар.

Пријовиќ во интервју за „Пинк.рс“ искрено проговори за мајчинството, за брачниот живот и недоразбирањата, но и за новитите кои ги подготвува.

-Јас сум навикната да работам и навистина не ми е тешко, а што се однесува на мојот приватен живот ми се случи една од најубавите работи, станав мајка на едно прекрасно момче кое полни седум месеци и секој ден чекам да каже „мама“. Сакам да биде првиот збор кој ќе го слушнам, вели Александра.

фото: Принтскрин/александрапријовиќ

Пријовиќ претходната недела прослави роденден и откри какво изненадување добила од нејзиниот сопруг.-

-„И сад ме по тебе познају“ е омилената песна на Филип и јас таа песна секогаш му ја пејам. Искрено, не очекував, но многу се израдував кога се вратив од настап и го видов изненадувањето со балони, цвеќе, ме изненади, вели пејачката.

фото: Принтскрин/јутуб

Александра и Филип важат за еден од најскладните парови на јавната сцена, а Пријовиќ истакна дека ниту на почетокот  од врската, ниту во бракот не се плаши  дека колешките ќе и го земат сопругот.

фото: Принтскрин/пинк

– Такви коментари имаше на почетокот на врската, а ќе ги има и во иднина, ние нашата љубов ја чуваме за себе. Не се плашев ниту се плашам, ние бевме освојувачи на нашата љубов и мислам дека покажавме колку е голема нашата љубов,  вели пејачката.

Поранешното момче на Александра, Љуба Перучица наскоро ќе се мажи, а пејчката му  посака среќа  и тој и неговата сакана да се реалзираат како родители.

фото: Пинк.рс

– Јас кога ги сретнав пред неколку месеци и кога ми кажаа дека ќе прават свадба, и тогаш, а сега јавно им честитам и сакам да станат родители,вели Александра.

 

Останати вести од Радио Милева