Радио Милева

Пријовиќ објави невидена фотографија со синот Александар, па му посвети емотивна порака за неговиот прв роденден (фото)

Пријовиќ објави невидена фотографија со синот Александар, па му посвети емотивна порака за неговиот прв роденден (фото)
фото: Инстаграм

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на 6 март 2019 година се реализираа во улогата на родители, односно го добија своето прво дете, синот Александар.

Имено, нивниот наследник денес (06.03.2020) полни една година,  а по тој повод пејачката на социјалните мрежи објави невидена фотографија со наследникот, а во описот му се обрати со зборовите:

„Животе мој, среќен ти 1ви роденден. Ти благодарам за најубавата година. Те сакам“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Во една прилика, кога ја прашаа со што би сакала да се занимава нејзиниот син, таа одговори:

„Најважно е да биде воспитан и добар човек. Да ги слуша мама и тато, семејството да му биде на прво место. Мене тоа ми е најважно и ќе се потрудиме да биде така“.

Како што пишуваат српските медиуми, Пријовиќ и Филип подготвуваат голема гала прослава за роденденот на Александар, а веќе пејачката му подарила 30 000 евра.

Останати вести од Радио Милева