Радио Милева

Пријовиќ и Филип имаат „тајна соба“ во луксузната вила, а еве за што ја користат

Пријовиќ и Филип имаат „тајна соба“ во луксузната вила, а еве за што ја користат
фото: A. Налбантјан/НиколаТомиќ

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ пред два месеци се преселија во нова луксузна вила на Бежанија за која издвоија околу пола милион евра.

Имено, кумот на Пријовиќ, пејачот Ацо Пејовиќ откри дека популарниот пар во домот имат скриена соба и откри за што ја користат.

„Јас секоја вечер сум кај Филип на пиво. Ние имаме една просторија кај нив која е одалечена од се. Таму се пие пиво, вино, се водат разни разговори, се подготвуваат песни, се преслушуваат, се шегуваме….Супер е тамо“ вели Пејовиќ за „Телеграф“.

фото: Никола Томиќ

Кога станува збор за синот Александар, синот на Прија и Филип, пејачот вели дека ги буди родителите речиси во исто време.

„Тој се уште е малечок и си има своја приказна. Еве кумот вели дека добро спие и ги буди родителите во 4, 4и15“ вели Пејовиќ.

За потсетување, Александра и Филип на почетокот на март станаа родители на нивниот син.

Останати вести од Радио Милева