Радио Милева

Прија и Брена заедно во провод, а за славење имаа посебна причина (фото)

Прија и Брена заедно во провод, а за славење имаа посебна причина (фото)
фото:инстаграм

Лепа Брена и Александра Пријовиќ го користат секој слободен момент за семеен собир, а вчеравечер ги прославија успесите што ги имаа ова лето.

Александра објави фотографија со Брена на социјалните мрежи, а многумина забележаа дека пејачите изгледаат одлично во заедничко друштво, додека насмевките на нивните лица покажуваат колку се среќни и задоволни.

фото:инстаграм

– Ги прославуваме нашите успешни летни настапи – напиша Александра.

Потсетување, откако се врати на сцената по породувањето, Александра имаше голем број успешни настапи, како и Брена, која летово и подари на публиката спектакуларни концерти за кои се уште се зборува.

Останати вести од Радио Милева