Радио Милева

Преслатко русокосо девојче: Вака изгледаше Викторија Лоба пред 20 години (фото)

Преслатко русокосо девојче: Вака изгледаше Викторија Лоба пред 20 години (фото)

Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба денес важи за една од поуспешните пејачки, а неодамна го издаде својот прв албум „Нов свет“.

Лоба често е активна на социјалните мрежи каде што објавува фотографиии од своите активности, ангажмани, настапи, а некогаш знае да сподели и фотографија од своите почетоци или од своето детство.

 

View this post on Instagram

 

New Year’s Eve @fourskopje 🥂🎄 Dress @papazfashion 💫

A post shared by ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ ♥️ (@victorialoba) on


Изминатиот период на интернет владееше нов тренд т.н „10yearschallange“ каде што треба да споделите фотографија од вас пред 10 години и фотографија од 2019 година.

Многу јавни личности го прифатија овој предизвик, па покажаа колку се промениле од 2009 година.

И Викторија беше една од нив и на „Инстаграм“ објави фотка пред 10 години.

Меѓутоа, Лоба не само што се потсети на 2009 година, туку во својот албум  најде и фотографија пред 20 години која ја сподели на „Инстаграм стори“.

Преслатко русокосо девојче. Вака изгледаше Лоба на 10 години.