Радио Милева

Преполовена: По разводот Адел ослабе 20 килограми (фото)

Преполовена: По разводот Адел ослабе 20 килограми (фото)
фото:гети имиџис

Пејачката Адел изминативе неколку месеци минува низ тежок период, а сето тоа влијаеше врз неа и психички и физички.

Поточно, пејачката се разведе од Сајмон Конечки пред неколку месеци, со кого има и син, а неодамна странските медиуми пишуваа дека се препуштила на алкохолот..

Сепак, според извор близок на пејачката, Адел успеа да изгуби дури 20 килограми.

фото:инстаграм

– Таа одлучи да ги промени животните навики и е целосно посветена на диетата и на нејзиното здравје. Точно е дека понекогаш и се допаѓа повеќе да пие, но ништо од тоа не и наштети. Таа минуваше низ бурен период, така што стресот беше една од причините за нејзиното слабеење. Сега кога го напушти поранешниот сопруг, таа е целосно посветена на себеси, животот, излегувањето, нејзината кариера и своето дете. Таа успеа да изгуби скоро дваесет килограми. Наскоро излегува и нов албум “, рече изворот.

фото:armenkeleshian

Дека Адел навистина изгледа преполовено, покажуваат и фотографиите од роденденот на раперот Дрејк кои се појавија на социјалните мрежи.

Останати вести од Радио Милева